Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.
За отфрлање на иницијативата гласаа седум уставни судии, а „за“ беа двајца – Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.