Тој кажа дека од 90-тите е активист на ВМРО-ДПМНЕ и дека сѐ до 20 март учествувал на протестите пред Собранието.
– Ние како партија работиме како војска, добивавме насоки од општинскиот комитет и од претседателите на месните комитети за присуство на протестите на За заедничка Македонија како поддршка против тиранската платформа. Се доаѓаше пред Собранието по слободен избор без уцени и без сендвичи и пари како што имаше шпекулации – рече сведокот.
За протестите тој кажа дека ги воделе луѓе кои не се членови на партијата.
– Имаше реакции за Богдан Илиевски Бетмен посебно од тврдокорните членови на ВМРО-ДПМНЕ кои реагираа што бара тој тука кога во 2013 плукаше по нашиот претседател Никола Груевски. Шпекулациите беа дека тоа го работи од некој финансиски аспект. Немам директна информација, ова се шпелкулации кои беа меѓу членовите за што се реагираше и на состаноците на општинските комитети – рече сведокот.
Одговарајќи на прашања на одбраната тој кажа дека насоките од партијата биле достоинствено да ги истераат протестите, без никакво нарушување на редот и мирот и без никакви провокации по секоја цена. За говорите на протестите на Борис Дамовски и Игор Дурловски сведокот кажа дека не биле говор на омраза, туку мотивирачки да се издржи во борбата.
За собраниската седница на 27 април тој кажа дека се до 17.30 часот имала нормален тек. Откако Трајко Велјановски му дал збор на пратеникот од БЕСА Зекирија Ибраими кој ја интонираше химната на Албанија. Се кренала тензијата меѓу пратениците, а за збор се јавиле Крсто Мукоски, Илија Димовски и Томислав Тунтев. Мукоски земал збор ја пеел македонската химна, а потоа Велјановски ме им дал збор на Димовски и Тунтев бидејќи веќе било 18 часот и ја прекинал седницата затоа што дента немало координација за да се работи подолго.
– Со тоа мое задолжение е да ги исклучам микрофоните. Тоа се некои 2-3 минути додека да се исклучат двата компјутери. Тогаш околу мене имаше неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и некој довикна да не се дозволи гласање ако СДСМ се обидат да направат начин за избор на претседател на Собрание. Не знам кој го зборуваше тоа бидејќи мојата позиција е седечка, но кога се свртев позади мене беа пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Илија Димовски, господинот од социјалистичката партија Димовски и мислам Јохан Тарчуловски. Тогаш дојде некој од обезбедувањето и ми рече да го исклучам системот за гласање и да ја напуштам седницата. Не знам кој полицаец беше – сведочеше тој.
Од таму тој се упатил во собата за режија од каде преку камерите кои биле вклучени но не снимале, го гледале изборот ма Талат Џафери за претседател на Собранието. Во собата за режија се криеле и кога толпата упаднала во Собранието. Им тропале на вратата и им викале „излезете комуњари”, а тие внатре се криеле позади регал зашто се плашеле да не се одбие некој куршум. Во собата останале до 20 часот, од каде потоа ги извлекол Горан Ѓошевски Леви со уште тројца од собраниското обезбедување.