Идејата на новата урбана инсталација „Куќа на иднината“ е на еден поинаков начин да се запознаат граѓаните на Македонија, со можностите и предизвиците кои се пред нас, соопштија од граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“
Оваа „интервенција“ поставена на улица „Македонија“, во непосредна близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза, на сликовит начин ги претставува опциите кои се наоѓаат пред македонските граѓани на претстојниот референдум.
„Куќата на иднината“ се состои од два дела односно две соби. Во едната соба се претставени придобивките кои граѓаните на Македонија ќе можат да ги остварат со членството во Европската унија и НАТО, додека во другата соба е претставен ќорсокакот и нејасната иднина на државата кон која води бојкотот и неизлегувањето на референдумот на 30-ти септември.