Уапсени разбојниците на менувачницата во Тетово

80

Секторот за внатрешни работи Тетово по преземени мерки го расчисти разбојништвото кое вчера околу 9 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово. Од слобода се лишени четири лица поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело . Од слобода се лишени М.М.(56) и Р.С.(35) двајцата од Италија и Е.В.(32) и Х.Л.(57) од Тетово.

Италијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. поради основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а Р.С. поради сомнение дека извршила кривично дело „прикривање“.

– Првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20.000 евра, по што со такси возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина. Набрзо, четворицата осомничени се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект каде престојувале, лишени се од слобода од полициски службеници на СВР Тетово.

Денеска четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...