Мајкл Џордан донираше два милиона доларa за Северна Каролина

Џордан израснал и ги направил првите чекори во кошарката во Вилмингтон, градот што е меѓу најпогодените од ураганот..

103

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два милиона доларa за помош на загрозените по ударот на ураганот Флоренс во Северна Каролина.

Џордан израснал и ги направил првите чекори во кошарката во Вилмингтон, градот што е меѓу најпогодените од ураганот. Сопственикот на кошаркарскиот клуб Шарлот Хорнетс одлучи да донира милион долари за Црвениот крст и еден за фондацијата која ќе им помогне на граѓаните.

– Добро е чувството кога имате како да помогнете. Јас сум еден од среќниците кои направиле неверојатна кариера. Сега се чувствувам уште подобро, оти можам да им помогнам на луѓето во мојот роден крај, изјави Џордан, кој инаку и играл кошарка на колеџ вo Севернa Каролинa.

Toj планира и да го посети својот крај во најблиска можна иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...