Пелистер на чекор да се спаси од фекалии

408

Градежниот институт на Македонија, избран како консултантска фирма од страна на УНДП, го достави прелиминарниот извештај за физибилити оценката на предложените технологии за избор и изведба на пречистителна станица, во рамките на УНДП гранд проектот за изградба на пречистителна станица која ќе собира дел од отпадните води од Националниот парк Пелистер, соопшти Општина Битола.

Од консултантската фирма, дадена е и препорака за изведба на пречистителната станица, која ќе биде сместена на потегот на потпелистерското село Трново и ќе ги собира отпадните води од објектите и населението места во Потпелистерието.
Градежниот институт на Македонија, по прифаќањето на една од предложените технологии за избор и изведба на пречистителната станица од страна на Општина Битола, ќе почне со изготвување на основен проект за пречистителната станица, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...