Премиерот Зоран Заев утре во Вашингтон ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти денеска владината прес-служба. Посетата со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс ја најави и лично Заев вчера од митингот во Кратово.
– И утре после Кратово, на авионот во Вашингтон. Потпретседателот на Америка, Пенс ме чека таму на состанок. Јас од мала Македонија. Јас се гордеам заради тоа што ваква чест вакво пријателство кое што доби Македонија не смееме да го изневериме – рече Заев.
Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, велат од Владата.
Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.