Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не е задоволен по нерешениот исход со Црвена ѕвезда во првата рунда од Лигата на шампионите. Тој по синоќешниот дуел на „Рајко Митиќ“ рече дека неговите избраници требале да дадат гол, но нагласи како противникот играл добра одбрана и го трошеше времето.
– Секогаш е тешко да се игра против екипи кои се бранат со сите играчи. Црвена ѕвезда ја следев многу пати, Тие се професионалци во паѓање и трошење на времето. Судијата падна на нивните „фори“ изјави италијанскиот стручњак.
Црвена ѕвезда и Наполи одиграа 0:0 и имаат по еден бод во Ц-групата од Лигата на шампионите на УЕФА.
На другиот дуел од почетната рунда, Ливерпул го победи ПСЖ со 3:2 и е лидер на табелата со три бода.
ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC