Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за „крвавиот четврток“

713
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Сведочењата на двајца пратеници и уште двајца други сведоци, од кои едната е новинарка, денеска треба да се слушнат во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за настаните од 27 април лани во Собранието.

Двајцата пратеници кои пред судечкиот совет, обвинетите и обвинителите ќе кажат што виделе на „крвавиот четврток“ се Ферид Мухиќ и Куро Дудуш, кој сега е градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Сите четворица сведоци се на предлог на обвинителството кое има предложено вкупно 36 од кои еден е загрозен. На минатите рочишта во судница веќе можеа да се слушат исказите на премиерот Зоран Заев, неколку министри кои тогаш беа пратеници, како Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, Петар Атанасовски, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и пратениците Мухамед Зекири, Фросина Ременски, Весел Мемеди, Петар Богоевски,Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Енес Ибрахими…

За настаните од 27 април лани обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...