Дебата на тема „European Values for Macedonian Future“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје во рамки на официјалната посета на пратеникот во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн.
На дебатата студентите и претставниците на младинските организации во Македонија, ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и ставови за влијанието на евроинтеграциските процеси на земјата и почитувањето на европските вредности и да добијат одговор на прашањата
На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на животниот стандард на младите луѓе во Македонија во поглед на образование, вработување, култура, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво? Колку прифаќањето на европските вредности ќе влијае во градење на интер-културно општество без предрасуди и стереотипи во кое се почитуваат различности?
На дебатата ќе се обрати и министерот за образование Арбер Адеми.