Длабоко сум разочаран од начинот на кој се разви процесот против Ивона Талевска. Утре и друг да го фатат ако си ги врати парите ништо, а ако не го фатат?!
Пресудите-казните освен што треба да имаат казнена смисла тие имаат и превентивен карактер. Каков заклучок да направиме од ваквите пресуди и каква порака испраќаат до општеството?
Ова не е правичност и правна држава. Реформи во судството и обвинителството се повеќе од потребни, бидејќи ризикуваме да ни се повторува истото како во случајов со пресудата за Талевска.
Впрочем, ова е практика која веќе 27 години ја гледаме во Македонија. Еднаш засекогаш треба да се изгради критична маса и дух за непомирување кон вакви појави.
Всушност на крајот граѓаните се тие кои што решаваат и ако се задоволни од ваквиот пристап во ред, но мене сето ова ми личи на нешто веќе познато.
Европа е вредности, една од основните е токму правна држава и владеење на правото.
За крај да не заборавиме дека едно од најголемите гангстерски имиња Ал Капоне бил затворен за даноци. Но тоа во САД, во Македонија сѐ уште ќе почекаме.