Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за Детски болести настанал инцидент кога Р.З од Скопје пријавила кај перосоналот дека детето со кое престојувала на Клиниката не било во собата во која ја примало терапијата, велат од клиниката.
„Случајот веднаш беше пријавен во МВР од страна на вработените по што е констатирано дека детето било земено и вратено дома од страна нејзината малолетна ќерка. За кратко време детето е вратено повторно на клиниката, е во добра состојба и ја прима потребната терапија. Клиниката покрај МВР ја контактираше и Службата за социјални работи да го разгледа целиот случај“, се вели во информација од Клиниката за детски боести.