Писмо на Ајнштајн продадено за повеќе од 100.000 долари

320

Писмо на физичарот Алберт Ајнштајн, напишано во Берлин во 1928 година, е продадено на аукција во Ерусалим за 103.700 долари (83.500 евра). Името на купувачот не се соопштува.

Ајнштајн во писмото, инаку напишано на германски јазик, говори за „третата фаза на Теоријата за релативитетот“, а го испратил на свој колега.

На аукцијата се продадени и други писма, фотографии и автограми на Ајнштајн, кој инаку е добитник на Нобеловата награда за физика од 1921 година.

– Овие писма ја откриваат сложеноста на големиот ум – изјави Гал Винер, директор на аукциската куќа „Винерс“.

Ракописна порака, односно совет на Ајнштајн за „тајните на среќата”, лани во октомври, исто така во Ерусалим, беше продадена за 1,56 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...