Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска до јавното обвинителство ја поднесе кривичната пријава против премиерот Зоран Заев за поткуп при избори, која ја најави уште викендов.
– Во склоп на Кривичната пријава го доставивме и видео материјалот на кој што се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава еден бизнисмен односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев – рече Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на партијата.