По Германија, признавање на возачките и во Турција, Велика Британија, Австралија ВИДЕО

Граѓаните ќе можат да извршат замена на националните возачки  дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во која престојуваат, без да бидат изложени на дополнителни трошоци за повторно полагање на возачките испити или пак обезбедување лекарски потврди и слично.

620

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих денеска попладне ќе ја потпишат заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура, за олеснување на  постапките за меѓусебна замена  на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија .

По нив, според најавите од министерот се очекува признавање на македонските возачки и во Турција, Косово, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд, со кои договарањето е во завршна фаза.

– Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу  надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години  им беа давани празни ветувања – рече Спасовски.

Од практичен аспект ова значи дека на територијата на двете земји граѓаните кои ги исполнуваат условите според Декларацијата (наполнети 18 години, законски да престојуваат подолго од 180-185 дена во другата земја во текот на годината и да имаат важечки национални возачки дозволи) ќе можат да извршат замена на националните возачки  дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во која престојуваат, без да бидат изложени на дополнителни трошоци за повторно полагање на возачките испити или пак обезбедување лекарски потврди и слично.

Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, како и со земјите од регионот – Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...