Не заборавајте, Албанците историски се ориентирани кон НАТО и ЕУ и јас цврсто верувам дека на 30 септември сите заедно, пријатели, семејства, и поддржувачи на оваа кауза масовно ќе излеземе да и кажеме „ДА“ на НАТО и ЕУ, порача претседателот на Беса Африм Гаши.
– Земјата се наоѓа во еден историскиот момент кога од сите граѓани се очекува одлучност и поддршка за евроатлантската перспектива на земјата. Земјата во моментот се наоѓа пред многу важен историски крстопат и „ДА’’ на референдумот значи имплементација на Преспанскиот договор, „ДА’’ подразбира сигурност, благосостојба, стабилност и нови инвестиции – рече Гаши од собирот во Липково.