Бабата која заедно со нејзините сопруг и тригодишна внука синоќа беше удрена од возило на булеварот Србија во скопски Аерором, им подлегнала на повредите и починала. Информацијата ја потврдија и од полицијата.
61-годишната жена починала откако за помалку од три часа по сообраќајката, на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Девојчето со тешки телесни повреди исто така било пренесено во Клиничкиот центар. Повредите на дедото се од полесен карактер.
Како што информираа од МВР, сообраќајката се случина околу 20 часот, во бабата и внуката удрило возило „пежо партнер“ во велешки регистрации управувано од 40-годишен велешанец.