Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, трет пат во кариерата ќе има настап во Белград, во рамките на најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа.
Претходните два пати на Анчелоти му донесоа среќа и тој стана шампион на Европа како играч и како тренер.
– Со Милан бев во Белград во 1988 година. Се сеќавам на маглата. Исто така се сеќавам и на 2006 кога се квалификувавме во Лигата на шампионите, а потоа станавме шампиони на Европа. Групата е тешка, но ние само гледаме како да поминеме во нокаут фазата. Важно е да играме како знаеме – изјави Анчелоти.
Почетокот е закажан за 21 часот.
ФОТО: Твитер