Секое кулинарско дело на Фарук Незири од Чегране е мала скулптура

957

Ако го „изгуглате“ на Интернет неговото име, Фарук Незири, лесно ќе стигнете до безброј информации за неговата успешна гастрономска приказна, на различни јазици. Зашто врвниот готвач од Чегране е вистинска ѕвезда меѓу познавачите на гастрономијата и љубителите на добриот залак. А, и меѓу оние кои се најчувствителни во уметноста и естетиката кога е во прашање храната. Секое кулинарско дело на Незири е мала скулптура. Денес е сопственик на „Ла Перла Грац“, најдобриот ресторан во Грац, Австрија, а до сега има собрано куп престижни титули во гастрономскиот занает. На пат е уште една престижна вест, дека неговиот „Ла Перла Грац“ е меѓу најдобрите сто ресторани во Италија, иако ресторанот не е сместен во Италија (но, 60 отсто од производите кои се користат се со италијанско потекло).

Учел од најеминентните имиња од професионалната гастрономска фела. Еден од нив е и врвниот готвач, Франческо Антонио Асторино.

Имам два пасоша, и македонски и италијански, но, за жал, секогаш ја претставував италијанската држава, затоа што никогаш не сум добил можност да ја претставам Македонија во светот. Изгледа дека немаше таков интерес за тоа. Во секој случај, таа е моја држава вели Незири.

Разговорот со Незири прочитајте го тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...