Хан: Не ми се допаѓа ПЈРМ, но вие ќе одлучите дали ќе ви се обраќам како Северна Македонија

Тој кажа дека се наоѓаме на почетокот на еден сложен процес кој почнува следната недела и оти тука не станува збор само за правни одредби туку за работи и технички совети кои ЕУ ги дава врз основа на собраното искуство, а кои влијаат врз секојдневието на граѓаните, како што се квалитетот на воздухот, квалитетот на прехранбените производи, образованието, нови работи места, спречување на одливот на мозоци итн.

415

Нема време за губење. Следната недела имаме важен состанок во Брисел, состанок кој ќе го означи почетокот на скринингот односно подготовките за отпочнување на преговори. Затоа мојата молба и апел е едноставна, искористете го своето демократско право на претстојниот референдум. Она што е важно тука е младата генерација, зошто сме виделе дека во многу европски земји младите луѓе не се подготвени да гласаат, но знаеме од искуство дека секој глас е важен, порача еврокомесарот Јоханес Хан од заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој кажа дека се наоѓаме на почетокот на еден сложен процес кој почнува следната недела и оти тука не станува збор само за правни одредби туку за работи и технички совети кои ЕУ ги дава врз основа на собраното искуство, а кои влијаат врз секојдневието на граѓаните, како што се квалитетот на воздухот, квалитетот на прехранбените производи, образованието, нови работи места, спречување на одливот на мозоци итн.

– На 30 септември граѓаните ќе имаат можност да ја определат својата иднина. Одлуката ќе има влијание врз нив, нивните деца и внуци, дури и за оние генерации кои сѐ уште не се родени. Ова е важна одлука, и важно е да се осигураме дека граѓаните можат да донесат информирана одлука. Одлуката на граѓаните ќе биде важен прилог кон стабилноста на регионот. Ви останува вам граѓаните на, сѐ уште морам да кажам, Поранешната Југословенска Република Македонија. Воопшто не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ, но ако имам некое барање тогаш тоа е во иднина да ви се обраќам како Северна Македонија, но вие ќе одлучите дали ќе можам да ви се обраќам така – рече Хан.

Договорот со Грција, порача еврокомесарот, е редок пример за решавање на такви конфликти кои ги има многу во сетот и затоа тоа особено е поздравено од меѓународната заедница за чиј претставници, поради овие причини, Скопје е најпопуларна дестинација во изминатите неколку недели.

Меѓутоа, Хан порача и оти спроведувањето на Договорот не е единственото нешто што ЕУ ќе го оценува пред да ги започнеме преговорите, туку и итните реформски приоритети на кои ќе мора да се работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...