Кристијано Роналдо покажа неброено пати дека има огромно срце. Тој го стори тоа уште еднаш!
Осумгодишниот Факундо Руиз играл фудбал со своите врсници и во еден момент само се срушил. Неговото срце застанало и не чукало неколку минути. За среќа, лекарите реагирале брзо и успеале да го спасат.
Роналдо слушнал за овој страшен настан и одлучил да испрати порака до својот млад колега.
– Чао, Факундо, ти испраќам гушки. Опорави се брзо. Сѐ ќе биде во ред. Мора да имаш сила, а кога ќе се опоравиш мора да дојдеш во Торино за да гледаш наш натпревар. Важи? Опорави се бргу пријателе – порача Роналдо.
Малиот фудбалер го обедини целиот Уругвај. Со денови се одржуваат добротворни турнири низ целата земја за да се соберат пари за неговото лекување.