Хан не успеал да го предума Мицкоски  

723

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, на која било разговарано за политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Мицкоски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ  е од стратешки и државен интерес.

Тој потенцирал дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа истиот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, односно надвор од познатите принципи и начела на партијата. Тој го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле повторени критиките за владата на СДСМ и  Зоран Заев, чие работење го одбележуваат секојдневни криминални афери.

Соговорниците, се вели во соопштението, изразиле согласност, дека евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...