Тројца што нападнаа полицајци во Шуто Оризари се во притвор

136

Јавното обвинителството Скопје поведе постапка за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службата“ против три лица, кои на 15 септември во населбата Шуто Оризари при одржување на панаѓур извршиле напад над припадници на полицијата.

„Настанот се случил откако полицајците кои вршејќи ја службата, заради зголемена фреквенција на возила, повикале пајак служба. При подигање на едно од непрописно паркираните возила, сопственикот на возилото се упатил кон полицајците и започнал вербална расправија. Потоа влегол во возилото и го придвижил нанапред удирајќи во полицајците. Откако и по вторпат со возилото удрил во полицајците, осомничениот бил изваден од возилото од страна на полициските сили. Во нападот кој бил извршен се вклучиле уште две лица, во блиски роднински врски со возачот на автомобилот. При обидот на полицијата да го спречи нападот, на местото се собрале 30 – 40 лица и започнале вербален, но и физички напад кон полициските структури. Во инцидентот беа повредени неколку лица, меѓу кои шестмина полициски службеници“, стои во соопштението од Обвинителството кое одреди притвор за трите лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...