Судењето за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес повторно е одложено. Причината е што на рочиштето не се појави еден од обвинетите, Шабан Мемети, кој е вработен на Универзитетската клиника за детска хирургија и за денес од 8 до 14 часот имал закажано пет операции. За тоа одбраната достави и доказ, писмени известување од клиниката.
Следното рочиште е закажано за 28 септември.
Во случајот со малата Тамара, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство, обвинети се вкупно 12 лица за несовесно работење во службата.