Заев: Посетата на Матис е потврда за правилните политики на Македонија

301

Посетата на секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис е уште една потврда за охрабрувањето и афирмирањето на нашето стратешко партнерство и е силен поттик за исправноста на политиките што Република Македонија ги презема на планот на дијалогот, толеранцијата, рече Заев.

Тој истакна дека ова е уште еден свечен ден за Македонија поради посетата на висок американски функционер. Заев рече дека Матис доаѓа во исклучително важен период кога граѓаните на Република Македонија се подготвуваат на референдумот да го дадат својот глас за прифаќање на договорот со Грција, а со тоа и за нашето членство во НАТО и ЕУ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...