Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис при денешната посета на Македонија да пренесе порака за охрабрување и поддршка за референдумот.
– Матис е денеска дојден овде пред се да пренесе порака за охрабрување на референдумот дека добро е граѓаните да го искористат ова демократско право. Секако, ние ќе ја искористиме оваа прилика да разговараме за сите детали и соработката меѓу министерствата за одбрана на двете земји, на армиите за заедничките мисии кои ги имаме во Авганистан и јакнење на безбедносната соработка со САД, затоа што Америка е еден од нашите стратешки партнери – рече Заев.
Тој верува дека како Македонија која има покана за членство во НАТО ќе биде 30. членка на Алијансата и во тој контекст, како што додаде, има многу детали и теми за кои може да се разговара, како и пренесување на огромното искуство што може да се имплементира во одбраната.
– Конечна цел да бидеме достоинствен паертнер на земјите членки на НАТО за зачувањето на севкупниот мир во светот и овде во регионот.