Во една моја колумна напишав дека партијата ДПМНЕ е штетна по националните интереси на Македонската држава и народот, што сега пред референдумот тоа се докажува. По објавувањето на Мицкоски дека ставот на ДПМНЕ е секој да постапи по сопствено убедување, јас напишав дека тоа претставува тивок бојкот. Прочитав дека ДПМНЕ одлучиле да не водат кампања за референдумот што не е точно, веќе на 16 септември организираат во Штип протестен марш против Договорот со Грција. Претпоставувам дека обраќањето на Мицко ќе биде во негов познат стил, Договорот е капитулантски неприфатлив за нив, изгубен е македонскиот идентитет и јазик, изгубен е институционалниот идентитет (бог да знае каков е овој идентитет!), со промена на името ја губиме државата Македонија, ќе се викаме Северно Македонци, ја губиме историјата и многу други невистини и бесмислици.
Прифатливо е Мицко и неговата ДПМНЕ да водат негативна кампања против Договорот со Грција но да го критикуваат со аргументи и факти а не е дозволено тоа да го прават со невистини и лаги. Еве да го земеме примерот со Грчката опозиција која исто го критикува Договорот од нивни аспект. Лидерот на Грчката опозиција Нова демократија Мицотакис изјави дека неговата партија ќе гласа против Договорот од Преспа и го повтори ставот дека со Договорот од Преспа „на соседите им се отстапуваат македонскиот идентитет и македонскиот јазик“. Тоа се аргументи.
Нашиот лидер на опозицијата ДПМНЕ, Мицкотакис – Мицко, го критикува Договорот со Грција со невистина до невистина, лага до лага, кога човек го слуша – во очите на нормалните луѓе тој испаѓа смешен и незрел човек (шарлатан), но кога го слушаат „неговите луѓе„ онакви неписмени, прости, неинформирани тие му веруваат на неговите лаги. Ако се земе бројот на членовите и симпатизерите на ДПМНЕ ваквата состојба треба да загрижува од страна на уште друг момент. Еве на пример што би била конструктивна критика на Договорот, а тоа се уставните промени поради името што доведува до внатрешна употреба на договореното име. Против ова има многу Македонци кои не се сложуваат со ваквото решение, па на овој сегмент има место за критика и неслагање. А сите други критики се неосновани и Мицко се служи со невистини, кои за некои се смешни и неразумни но за голем број прифатливи.
Човек не може да сфати како на Мицко му се дозволува да води негативна кампања со лаги и невистини? Зарем ДИК дозволува Мицко да води кампања со лаги и невистини. Јас не го знам Правилникот за однесување на кампањата изготвен од ДИК, но претпоставувам дека со него сигурно не е дозволено кампањата да се води со лаги и невистини, само со аргументи! Во таков случај ја повикувам ДИК или надлежниот орган да ги преземе потребните активности да се спречи кампањата да се води со невистини и лаги, туку САМО СО АРГУМЕНТИ. Ако е законски не дозволено, треба да се ангажира и Обвинителството поради тоа што ДПМНЕ води недозволена еднострана кампања само со невистини и лаги и не е фер спрема СДСМ која води позитивна кампања каде Договорот се објаснува со сите негови добри и лоши страни. Кампањите на двете страни треба да бидат изедначени и фер водени! Да се разбереме кога се води недозволена кампања со невистини и лаги наспроти кампања со аргументи, имајќи го во предвид менталитет на нашиот народ, тој повеќе е склон да прифати кампања со невистини и лаги отколку другата.
Нашиот Мицко лидер на ДПМНЕ е толку тврдокорен дпне-овец што нема сила што ќе го разувери да се поправи. Тој можеби е заробен и уценет со нешто од фамилијата и мора да одработува. Замислете една група криминалци предводена од Никола Груевски целата држава ја уценува, користејќи го референдумот покасно и со уставните промени по принципот – „Ние на Вас кооперативност и конструктивност во однос на референдумот и уставните промени што ќе уследат, а Вие на Нас амнестија„! Мицко, да Ти биде јасно дека амнестија нема да има, тоа Заев дословно Ви го кажа, но ниту меѓународната заедница тоа ќе го дозволи. Овој аргумент бриши го од агендата. Кажи му на шефот и другарчињата обвинети од СЈО – „браќа и сестри, се’ се обидов но не иде, никако не оди. Ќе мора да се помириме со судбината„!
Со бојкотирање на референдумот што е целта на ДПМНЕ и Малиот Мицко? Тие сметат дека со бојкотот референдумот нема да успее, Заев ќе си поднесе оставка заради неуспешен референдум, ќе се оди на предвремени парламентарни избори на кои тие ќе победеле и Малиот Мицко ќе постане премиер! Ова е пресметано со математичка прецизност! Но има еден проблем. Прво, референдумот ќе успее, парламентарни избори нема да има, а доколку има ДПМНЕ нема да ги добие изборите, а доколку ги добие нема со која албанска партија да формира коалиција, ниту пак меѓународната заедница ќе прифати влада на ДПМНЕ со Мицко премиер! Многу препреки. А што се однесува до амнестијата за судските постапки што ги покрена СЈО од редовите на ДПМНЕ, како беше спомнато, таква нема да има и сите манипулации и купување на време не е потребно. Ова на Малиот Мицко треба да му биде јасно!
Значи и двете работи, амнестијата за криминалците од ДПМНЕ и формирање влада од ДПМНЕ не се во игра. Само ова на Малиот Мицко не му е јасно!
Не помогнаа една плејада на европски политичари, вклучувајќи ја германската канцеларка Меркел, Стотелнберг, Модерини, Вес Мичел, министерот за надворешни работи на Холандија, министерот за одбрана на Америка, министерот за надворешни работи на Германија и кој знае кој уште кој не, не го убедија Малиот Мицко опозицијата да има конструктивен став спрема референдумот. Кога меѓународната заедница, најголемите нејзини „тешкаши„ не успееја да го убедат Малиот Мицко, Заев нема шанса да делува на него кој постојано го повикува на конструктивност. Еден будала ниту сто паметни не можат да го убедат!
Малиот Мицко не ја почитува ниту Програмата на ДПМНЕ во која дословно пишува дека прашањето со името ќе се решава на референдум. Ова програмска определбана беше зацртана во програмата на ДПМНЕ уште кога дојде на власт во 2006 година и остана непроменета до сега. Ако се сеќавате СДСМ покасно во својата програма зацрта референдум по основ на промена на името. Партијата ДПМНЕ и Малиот Мицко не ја почитува ниту Програмата на нивната партија, што е нонсенс!
Едноставно ништо не помага, не можат никакви убедувања да го изменат ставот на опозицијата партијата ДПМНЕ и нивниот лидер Малиот Мицко. НА ПАРТИЈАТА ДПМНЕ И НА МАЛИОТ МИЦКО НИКОЈ НИШТО НЕ ИМ МОЖЕ! ТИЕ СЕ НЕПОПРАВЛИВИ СЛУЧАИ!
Прочитав информација дека се формираат посебни тела (комисии, групи) во партијата ДПМНЕ со задача за „тајно„ бојкотирање на референдумот што би се спроведувало преку нивните општински и месни комитети. Партијата ДПМНЕ има испробан систем од порано за време на изборите да прават списоци на гласачи членови на партијата проширени со нивни роднини, пријатели кои во случајот ќе го бојкотираат референдумот. Ваквата состојба личи на партијата ДПМНЕ која ја познаваме како функционира на теренот. Во ваков случај ДПМНЕ официјално не води кампања за референдумот, но во тајност води кампања за бојкот на референдумот, тоа е делување „во илегала„! Едноставно, Мицко и дел од раководството на ДПМНЕ не можат да се откажат од нивната деструктивност и злорадост, тоа е посилно од нив.
Партијата ДПМНЕ преку формираните групи за промовирање на бојкот на референдумот, како и Малиот Мицко кој е крајно деструктивен со силна намера да го бојкотира референдумот со директно или индиректно влијание на членството и симпатизерите на ДПМНЕ, потоа Џуџето Милошоски кој јавно повикува на бојкот, како сите други членови на формираните комитети за бојкот на референдумот и други и против нив Обвинителството треба да покрене кривично гонење по службена должност согласно член 373 од Кривичниот закон. Тоа треба да се прави веднаш пред референдумот за да се спречи нивното негативно влијание на обезбедување на потребниот цензус на референдумот.
Еве зошто организираниот бојкот е кривично дело, со намалување на излезноста на гласачите како последица на бојкотот, постои можност да нема цензус, референдумот да не успее а со тоа се поништуваат гласовите на сите оние што гласале „за„. Нели не е фер. Кога ДПМНЕ и Мицко не би повикувале на бојкот, отворен или скриен, излезноста на гласачите ќе биде нормална (околу 67%), во таков случај секој граѓанин ќе гласа по свое убедување „за„ или „против„ и во таков случај референдумот дава објективна слика за мислењето на народот и тоа ја потврдува легитимноста на референдумот и волјата на народот. Тоа е фер плеј однесување. Не може да се разбере зошто партијата ДПМНЕ и Малиот Мицко ова не го прифаќаат, посебно кога знаат дека нема да има ниту амнестија, нити тие можат да дојдат на власт!
Прочитав, потпретседателот на ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека по неуспехот на референдумот планираат преку своите инсталации во судство и обвинителство да почнат судски процес против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ којшто треба да резултира затворање на политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и забрана за дејствување на партијата од 2 години нагоре. Тоа е крајната цел на СДСМ… Николовски, од твои зборови во божји уши! Колку би тоа било добро ако може законски да се реализира…
На крајот за Малиот Мицко. Турците имаат една поговорка која гласи: Од селанец бег не бидува, а ако биде не му личи. Од Мицко лидер не бидува, и ако биде не му личи…