Илјадниците граѓани денеска излегле да испратат сериозна порака во вистинско време, порака дека сакаме иднина, дека сакаме европска Македонија! Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и бидеме горди оти сме успеале.
Ова го порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје, во организација на Коалицијата Заедно за европска Македонија.
– Ова е одговорност на нашата генерија. Од нас зависи иднината на нашата Македонија, на нашите деца, Никој друг за нас не може да ја донесе оваа одлука. Јас знам дека нашиот мултиетнички народ е исправен сериозно пред крупна одлука и ќе се носи со сериозноста на одлуката. Ќе обезбедиме иднина на нашите деца. Ќе обезбедиме иднина на Македонија – порача Заев и додде:
Патриотизам е да си ја зачуваме иднината на нашата татковина, НАТО и ЕУ се единствениот пат и нема алтернатива.
– Поучени од овие 27 години донесовме одлука храбро. Пред се и пред нашите политички партии ја ставивме Македонија. Склучивме договор и стекнавме пријател. Сите мора да знаеме дека договорот е фер и праведен. И двете страни подеднакво добиваат. Ве уверуваме дека со Договорот двете страни добија и овој договор обезбедува перспектива, пријатлество, развој и европска иднина – рече Заев.
Не само што успеавме да го заштитиме нашиот идентитет и јазик, туку, нагласи Заев, успеваме и да го потврдиме и зајакнеме.
– Грција го призна и прифати нашиот македонски идентитет и јазик. Најдовме формула како да се признаеме на темелите на минатото да градиме иднина. Испишавме европска историја. Да бидете горди, оти имаме најдобар договор, што ги исполни вековните аспирации на нашите дедовци и прадедовци – вели премиерот.
Конечно, порача Заев, добивме држава признаена од сите и од целиот свет, каде живее доминантно македонски народ, признаен од целиот свет, што зборува македонски јазик, призанен од целиот свет.
– Да му покажеме на светот дека го почитуваме пријателството и подадената рака. Дојдоа пријатели од целиот свет и ни кажаа јасно, ве чека НАТО и ЕУ, Ви нудиме пријателство. Дојдоа да ни понудат иднина и перспективи. Ние сме тие што треба да им одговориме. Клучот од портите од ЕУ се во наши раце, ние сме архитекти на нашата иднина. Нашето место е внатре, интегрирани со европскиот свет. Сите ние ја носиме одлуката за интегрирање во НАТО и ЕУ -порача Заев.
Тој ги повика сите неопределени и им порача дека не постои резервна варијанта и оти само преку референдум и одлука на граѓаните ќе имаме европска иднина.
– Дома не се седи, не се бараат изговори, затоа што се работи за идинаната. Ова е обврска и право на секој граѓанин. Наша одговорност пред нашата татковина. Ова е наша и граѓанска и родителска одговорност за иднината на нашата европска Македонија, истакна Заев.
Премиерот нагласи дека ова не е за Заев и за Мицковски и за ниту една политичка партија, и повика заедно сите да застенеме зад ова прашање за да обезбедиме иднина за Македониај.
– 30 септември е ден за избор. Ден за акција. Не е ден за седење дома. 30 септември е ден за испишување историја, за европска Македонија. Излези за европска Македонија, порача Заев.