МВР ги демантира тврдењата на ВМРО – ДПМНЕ за убиството во Прилепско

661

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла сите, како што велт, невистини изречени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, околу завчерашното злосторство во прилепско.

Според МВР,опозициската партија кажува злонамерни и неточни информации по однос на самиот настан и со измислици и маниупулации сака да се внесе страв меѓу граѓаните.

„Како и многу пати претходно, уште еднаш повторуваме дека времето партиско-штабски критериуми, како и вулгарното злоупотребување на институцијата завршија. Сега МВР работи професионално, а резултат на професионалната работа се расчистените убистваа како ова во прилепско, така и она во Велгошти, Дебар и други случаи. Злосторниците сега одговараат за своите злодела.

Како што и е познато на јавноста, настанот во прилепско веднаш беше расчистен, сторителот, односно осомниченото лице беше откриено и приведено неколку часа по свирепото злосторство, и со кривична пријава предадено на надлежното ОЈО. На јавноста и беа презентирани сите релеватни но и со закон дозволени информации, согласно Законот за кривична постапка и согласно надлежноста на Обвинителството по однос на кривично-правниот настан“ соопшти МВР.

Од таму апелираат до сите политички субјекти да престанат со ширењето лаги во интерес на стекнување на политички поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...