Мицкоски на колена: Ако лидерот не клекне пред следбениците, не ја заслужува нивната доверба ВИДЕО

4267

Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во Штип.

-Стојам пред вас како пријател, и стојам пред вас како ваш сонародник, човек загрижен за истите работи за кои сте и вие загрижени. И како пријатели и сонародници, не смееме да имаме тајни меѓу себе, туку отворени срца и добри намери, за заедно да им погледнеме на проблемите во очи, затоа што поприлично ни се насобраа во нашата држава – додаде Мицкоски.

Тој истакна дека има посебна чест што денес е во градот Штип, во чија близина се родиле, престојувале или учителствувале едни од најголемите синови на македонскиот народ: Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, генералот Михајло Апостолски, поетот Ацо Шопов, првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев, првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров и многу, многу други.

-Нема многу места што можат да се пофалат со вакви дејци, и јас во оваа прилика ви ја изразувам мојата најдлабока почит. Иако скромноста не ми дозволува да мерам било што со големината на нивното дело, одлучноста што денес ја гледам на вашите лица ми дава надеж дека во најмала рака можеме да бидеме нивни достојни наследници. А како ќе бидеме? Ќе бидеме единствено доколку се бориме за Македонија, со чиста мисла и со срце и мудрост. Белким ќе беше полесно и за Кљусев и за Глигоров доколку се согласеа на се што бараше јужниот сосед во деведесетите, но тие не го направија, зошто не дозволија да ја видат сопствената држава понижена и урнисана – порача Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...