Секој 8 Март е потсетник колку е дискриминирана жената

Комисијата е загрижена и за статусот на бремените жени, мајките, самохраните мајки и мајките на децата со попреченост како на работните места, така и во останатите области на општественото живеење.

164
20160308 Tuesday osmi 8mi 8 mart den na zenata

Комисијата за заштита од дискриминација по повод претстојниот Ден на жената 8 Март изразува загриженост за високиот степен на дискриминација во областа на вработувањето и работните односи, што, како што посочува, се изразува преку пониските плати на жените, нивниот помал процент на раководни и подобро платени работни места и големиот број огласи за вработување кои го оневозможуваат вработувањето на жените, а пред сѐ, на повозрасните.

– Комисијата е загрижена и за статусот на бремените жени, мајките, самохраните мајки и мајките на децата со попреченост како на работните места, така и во останатите области на општественото живеење. Потсетува на потребата за засилени активности за да им се обезбеди еднаков третман на возрасните жени, жените со попореченост, жените ромки, жените во социјален ризик и самохраните мајки во здравствената и социјална грижа, домувањето и пристапот до услуги – се вели во соопштението од КЗД.

Оттаму упатуваат апел до образовните институции и единиците на локалната самоуправа за поголема свесност за потребата од поголема опфатеност на девојчињата Роми, од руралните средини, од сиромашните семејства и оние со попреченост, во образовниот процес.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...