30 дена притвор за осомничениот полицаец поради свирепото убиство во Прилепско

161

30 дена притвор одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп за Е.Т. (24) од Битола, осомничениот полицаец за свирепото убиство во Прилепско, информира полицијата.

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Е.Т. откако беше приведен го призна злосторството кое го изршил над својот пријател Алили Бекир од Битола.

Вчера (15.09) Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...