Драган Данев: Антикорупциската комисија да се избира со двотретинско мнозинство ВИДЕО

449

Државната комисија за спречување на корупцијата треба да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, а предлозите за нејзиниот состав да ги даде опозицијата, смета пратеникот Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Тој вели дека за ова прашање не е разговарано во пратеничката група, но дека негов личен став е дека за да се овозможи вистинска борба против корупијата е потребна поголема парламентарна поддршка на антикорупциската комисија предложена од опозициската партија во Собранието.

Радмила Шекеринска, во една јавна дебата пред околу две години, изјави дека претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата треба да биде на предлог на најголемата опозициска партија. Тоа, како што појасни Шекеринска, е во интерес на контролата и отчетноста на функионерите, кои треба да знаат дека нема заштита од страна на Антикорупциската комисија.

На прашањето дали СДСМ останува на ставот дека предлогот за претседател на антикорупционерите треба да дојде од опозицијата, Александар Кирацовски, умешно одбегнуваќи го одговорот за Плусинфо кратко изјави:

-На Македонија и е потребна сериозна, стручна, независна Државна комисија за спречување на корупијата, која вистински ќе се бори со слабостите – вели Кирацовски, по скандалот со злоупотреби при исплатата на патни трошоци.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека треба да се почека да заврши  целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови членови  во комисијата.

-Им честитаме конечно на поединци во Македонија и добро е што дојде време да се поднесуваат оставки од морални причини. Тоа е добро – вели Бошњаковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...