СДСМ: Поттикнување повисоки плат е работа на секој премиер

290

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, реагираат од владејачката СДСМ откако од опозицијата најавија дека ќе поднесат кривична пријава против премиерот Зоран Заев за поткуп на гласачи.

„Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста? Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано години наназад, поттикнувањето повисоки плати за сите работници, треба да биде одговорност на секој премиер.Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард“, пишува во реакцијата.

Како што додаваат од СДСМ, слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено, а референдумот е најмоќна демократска алатка а гласот на граѓаните е конечен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...