ГДУ: Господа од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дебатите ви личат на портирски кавги

449

Политичарите од двете најголеми партии во државата продолжуваат да покажуваат некултура во дебата. Јавните дебати кај нас личат на портирски кавги. Ова е жално бидејќи се случува во најважниот и најчувствителен период. Уште пожално е тоа што не успеавме да се обединиме, да се договориме, напротив уште подлабоко се поделивме. Вината за тоа единствено ја гледаме кај СДСМ и ДПМНЕ, реагираат од Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

Вчерашната дебата, наведуваат тие, меѓу двајцата потпретседатели на двете најголеми партии во државата само ни покажа што всушност се случувало на лидерските средби, како разговарале зад затворени врати.

„Докажаа дека меѓусебно не се слушаат и дека секој си ја тера воденицата на своја страна и наместо државните интереси, си ги гледаат партиските. Впрочем како што многу пати до сега сме се увериле дека лесно се договараат за прашања кои им се од интерес на партиите, ама кога станува збор за клучни прашања не ги почитуваат основите на демократијата – дијалогот, компромисот и разумот. Епа вака господа од ДПМНЕ и СДСМ нигне не тераме. Вака само се одалечуваме од европските вредности. Демократијата бара комплетни политичари“, пишува во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...