Кај Мајчин дом ќе никне десеткатница, тврди ВМРО-ДПМНЕ ВИДЕО

551

По седнување во градоначалничката фотелја, градоначалникот на скопски Аеродром како да доби амнезија. Наеднаш заборави сѐ, па наместо да се занимава со реалните проблеми на Аеродромци, без срам почна да дели памфлети полни со лаги и манипулации, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Според информациите до кои дојдовме, Златко Марин веднаш по завршување на референдумот на 30-ти септември е спремен да издаде одобрение за градење на нова висококатница, овој пат на локацијата кај „Мајчин дом“. Инвеститорот за таа цел веќе уплатил и комуналии во износ од повеќе од 100 милиони денари. Станува збор за нова десеткатница, со повеќе од 240 станбени единици и деловен простор, на површина од околу 14.000 квадратни метри – тврди Дејан Митевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...