Во Струга и Вевчани имаме добро организирани здравствени установи, млад и амбициозен кадар и инфраструктура. Со европските фондови, ќе ни се отворат можности за подобрена инфраструктура, градење нови болници, соработка со врвни медицински центри, размена на експертски знаења, односно ќе го донесеме европското здравство во Македонија, порача министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека имаме одговорност пред младите, да им обезбедиме подобар живот, иднина и дека Договорот е најдобриот влог во нашата иднина.
– Најмоќните сојузи ги отвораат ширум вратите за нас. Време е заеднички да им подадеме рака и на 30-ти септември да си ја обезбедиме картата за влез во НАТО и ЕУ. Бенефитот од овој процес е европско здравство за сите граѓани. Со сето ова ќе ги задржиме и младите лекари во земјава, ќе обезбедиме подобри услови за работа и подобра експертиза во земјава – порача Министерот за здравство на средбите со граѓаните во Струга.
Во Вевчани Филипче ги повика сите граѓани да се приклучат на референдумот и заеднички да ја внесат Македонија во големото европско семејство и НАТО сојузот.