Пендаровски ќе чести пијачка ако МАНУ избоксува да си го задржи името

927

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски за време на гостувањето во вчерашната емисија  „Само вистина“ објасни зошто нема повеќе да стои придавката македонски на државните институција меѓу кои и МАНУ. Тој рече дека ако академиците на било каков начин успеат да го зачуваат името на институцијата тој на сите ќе им плати пијачка.

– Сакам да објаснам уште еднаш зошто од државните институции нема да може да има македонска телевизија, односно нема да може да има придавка македонска. Во оваа држава живеат и други освен Македонци. И тоа не е измислено со овој договор. Вие не можете во државна институција која ги опслужува сите граѓани да ставите придавка македонски зошто другите пред се Албанците велат ако пишува македонска армија тоа значи дека армијата е само на Македонците. Ако академиците согласно меѓународната пракса избоксуваат МАНУ да си го задржи своето име јас им плаќам пијачка на сите. Јас ги частам сите ако успат тоа да го избоксуваат зошто пред да пробаат да преговараат со Грците тоа мора да го направат и со Албанците – рече Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...