На Амди Бајрам му се кренаа акциите, ќе стане претседател на Европска Ромска партија

752

Имаме намера да се формира Европска Ромска партија, за чиј претседател е номиниран Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот каде треба и да се стремат, порача  Јован Дамјановиќ претседател на Светската организација на Ромите на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој нагласил дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател, ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.

Џафери, посакувајќи им добредојде на гостите во Република Македонија и во Собранието истакна дека Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој истакна дека има аспекти кои што треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...