На Македонија и е потребна сериозна, стручна, независна Државна комисија за спречување на корупијата, која вистински ќе се бори со слабостите, вели Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ во изјава за Плусинфо, а по скандалот со злоупотреби при исплатата на патни трошоци.
Оваа афера, потврдена и во извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата во кој се содржани наводи за исплата на фиктивни патни налози предизвика бура од реакции и барања за отчет и одговорност во комисијата.
Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите, а денеска оставка поднесе и Жаклина Дамчевска, член на комисијата.
Претходно, оставка поднесоа и претседателот Игор Тантуровски и Горан Миленков, член на Комисијата и поранешен претседател.
Според Законот за спречување на корупцијата Државната комисија која има седум членови ја избира Собранието со мандат од четири години и со право на уште еден.
За новиот состав на антикорупциската комисија одлучува просто мнозинство во Собранието.
Комисијата е конституирана на 12 ноември 2002 година.