Министерот за надворешни работи, Никола Димитров со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, по официјалната средба, решиле да се релаксираат веслајќи по Охридското Езеро.
За тоа, Димитров со две фотографии се пофали на неговиот профил на Фејсбук.
Инаку, Рот во изјава за медиумите ни порача дека Договорот ни е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО.