Руска ТВ, амбасадата на САД и здруженија сакаат да го набљудуваат референдумот

380

 Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледува и усвои  барањата за добивање овластувања за набљудување на референдумот 2018 година. Помеѓу поднесените барања има и од руската ТВ Канал 24 – Русија.

Другите барања се поднесени од Амбасада на Република Албанија, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Национален ромски центар Куманово, Амбасада на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ ОДИХР (дополнување), Фондација за спасување на Земјата (дополнување), Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје и  ЦИВИЛ – Центар за слобода (доолнување).

На дневниот ред на седницата се и предлог Упатството за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, предлог Упатство за гласање, како и за важечки и неважечки гласачки ливчиња на Референдум на државно ниво.

Како што е најавено ДИК ќе расправа и по предлог Одлуката за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...