Безос отвори фонд вреден 2 милијарди долари за помош на бездомните и за изградба на училишта. Хуманитарната организација ќе биде наречена „Прв ден” , објави милијардерот на твитер.
Неговото богатство се проценува на 164 милијарди долари и јавноста го обвинуваше дека не се занимава воопшто со филантропска работа. Уште полошо , американскиот сенатор Берни Сандерс јавно го критикуваше за лошите услови во неговите погони.
Денеска Безос најави дека фондот ќе им помага на бездомните семејства и дека ќе гради градински и училишта во сиромашните заедници.
Фото: EPA/CLEMENS BILAN