Партиите ги забавија реформите кои ЕУ ги чека

322

Од Планот 3-6-9 доцнат три – четири црвени мерки кои се однесуваат на законите од правосудството и безбедносните служби, кои зависат од комуникацијата меѓу политичките партии. Има напредок во разговорите, но се уште нема конечен епилог, рече вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

– Европската Унија нема да ја интересираат внатрешните алибија, тие ќе сакаат испорака. Но, на крајот секако сите партии ќе излеземе пред граѓаните со тоа кој што направил – рече Османи.

Тој денеска со другите министри од Владата, пред амбасадорите на земјите од ЕУ ќе го презентираат токму она што го спровеле од Планот 3-6-9 и, како што рече ќе ја побараат поддршката од нив имаат имаат што да им претстават и земјата е вратена на европскиот пат.

На 13 март презентација на исполнетото и на ставовите на Република Македонија од Владата ќе направат и во Брисел.

Османи посочи дека имаат рок до април за да испорачаат уште реформи кога ќе биде објавен извештајот на Европската комисија, но дека реформите ќе продолжат и понатаму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...