Бизнисот бара пет години да го свари прогресивниот данок

Во дописотдо Владата, бизнис заедницата оценува дека е добро што Владата ја одложи даночната реформа со која се воведува прогресивно оданочување, оти како што појаснуваат, тоа во сегашни улсови би имало негативни последици врз бизнисот.

215

Реформата за прогресивно оданочување да се одложи за најмалку пет години, бара бизнис заедницата која денеска ова барање го упати до Министерството за финансии и Владата.
Според бизнис заедницата пет години се потребни за да се направат широки консултации со бизнисите.

Во дописот бизнис заедницата оценува дека е добро што Владата ја одложи даночната реформа со која се воведува прогресивно оданочување, оти како што појаснуваат, тоа во сегашни улсови би имало негативни последици врз бизнисот.

Оваа оценка четирите стопански комори, потписници на Платформата за јавно-приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори ја темелат на истражување напревено преку консултација со 546 домашни компании и преку организирање на две фокус групи кои го искажаа ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија.

„Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница“, стои во дописот.

Во дописот Стопанските комори велат дека се едногласни и согласни дека:
• Позитивниот ефект од воведување на прогресија кај персоналниот данок на доход преку зголемување на буџетски приходи во овој момент ќе биде далеку помал отколку негативните ефекти кои ќе се рефлектираат на вкупното бизнис опкружување.
• Критиките за рамниот данок дека не придонесува за праведност во оданочувањето е недоволен аргумент за негово заменување со прогресивен данок во овој момент и треба да се имаат во предвид и другите позитивни аргументи кои одат во прилог на рамниот данок.
• Зголемувањето на стапките по автоматизам ќе значи праќање на негативен сигнал како кај домашните така и кај странските инвеститори.
• Регионалното опкружувањето во кое се наоѓа Република Македонија во овој момент не дозволува зголемување на стапки од причина што брзо ќе ја изгуби компаративната предност и имиџ од досегашната политика на ниски даноци.
• Прогресивното оданочување е повеќе карактеристика кај развиените земји како во поглед на економијата така и во поглед на институциите надлежни за спроведување на даночната политика. Според тоа, даночниот систем покрај функцијата на прибирање приходи за финансирање на државните потреби или нивна распределба, исто така треба да е во функција и на развојот на економијата, односно да биде позитивен фактор при носење на одлуки од страна на инвеститорите.
• Во ситуација кога државата сака да иницира прогресивен персонален данок, треба да даде предлог и за соодветно распределување на бенефициите (здравствен систем, образование, животна средина и друго) кои државните органи им ги даваат на граѓаните.
• Во овој момент, сметаме дека прагот за кој даночните обврзници се спремни да ги плаќаат даноците е прилично низок и зголемување на стапките ќе предизвика дестимулирачки ефект во економијата или со други зборови ќе ја поттикне даночната евазија. Подобро е со постоечките механизми да се поттикнат економските оператори да не прават затајување на данок, односно да ги плаќаат сите даноци, наместо да манипулираат со средствата.
• Воведувањето на рамниот данок доведе до големо растоварување на вкупниот даночен товар врз стопанските субјекти, па неговото заменување со прогресивен ќе значи сосема спротивен ефект, односно поголемо даночно оптоварување.
• Во постојниот систем на бруто плата зголемувањето на персоналниот данок, односно прогресивното зголемување би имало влијание на висината на нето платите на вработените, односно зголемување на персоналниот даноик значи намалување на нето платите и понизок животен стандард, помала лична потрошувачка.
• Многу внимателно треба да се пристапи кон измени во даночната политика и да се има во предвид дека не се само стапките дел од даночната политика туку и многу други елементи наведени во анализата.
• Стопанството со сигурност ќе биде афектирано од предложените промени, како на пример ИКТ (информатичко комуникацискиот) сектор, каде одливот на мозоци се зголемува секој ден. Дополнително, ќе биде дестимулирана инвестицијата во „смарт” технологии што е спротивно на политиката на Владата да поддржи истражувачки активности во што е можно поголем обем.
• Ваквиот вид на ад хок измени не и одат во прилог на држава која изминатите неколку години ги помина во правна несигурност и економска криза, заради што целокупната економија беше ставена пред предизвик на опстанок.

Коморите, очекуваат овој нивни предлог да биде прифатен бидејќи се потпира на аргументи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...