Ќерката на Мадона, Лoурдес Леон (21) направи деби како модел на ревијата на марката Gypsy Sport и така, преку ноќ, стана модна вест број 1.
Иако има моден стаж како носител на фото-кампањи на популарните брендови Конверс и Стела Мекартни, застанувањето на пистата беше премиерно.
Kреативниот директор на брендот Rio Uribe истакнал дека таа не го поминала кастингот, туку таа лично го контактирала ѝ му ја искажала желбата за настап на ревијата.
21-годишниот модел во подем носеше впечатлива модна комбинација со „искинат“ џинс.