Народот ќе го одбере вистинскиот пат – над ’рѓата и плевелот

Македонија, го трча овој маратон 27 години, и верувам дека е дојден последниот круг, фото финиш.

707

Откако јавно се занимавам со анализа на дневно политичките случувања кај нас, секогаш сум се трудел да бидам целосно објективен и пред се реален, и да избегнувам секаков вид на претерување и омаловажување на актуелните прашања.

Се трудам никогаш да не премолчам и ништо да не додадам на објективното и затоа сметам дека треба да му дадеме на нашиот народ и на светското мислење да ги видат работите такви какви што се реално. Нормално, е да се дискутира за прашањето на нашата иднина на највисок степен и на највисоко ниво. Проблемите не се решаваат со премолчување. Најефикасно средство е тие директно да се регистрираат и смело да се пристапи кон нивно решавање. Само така брзо ќе се дојде до решение. Ако го откриеме и детектираме проблемот, половината од него е веќе решен.

Мораме да се издигнеме над ’рѓата и плевелот, и мораме дефинитивно да ги оставиме зад нас. Што би му помогнало на болниот од грип или настинка, доколку тој ја скрие својата болест од блиските? Никој нема да помисли дека тој може да има сериозен проблем.

Tака и овде компаративно нашата држава Република Македонија има сериозен и огромен предизвик, дали да биде ранета и маргинализирана и трула или пак згрижена, европска, демократска, просперитетна и перспективна. Исто е и со државниот живот, морам така да го наречам. Нема потреба да се плашиме од народот. Обично тој е најдобрата вакцина, многу рано знае да препознае и квалитет, а и грешка во водењето на било кој процес, така и референдумскиот. Тој многипати е побрз и од самата влада.

Никој нема да падне во бесознание веднаш доколку некој направил грешка, но народот без да се преправа толку како што мислат многумина. Не, овој баш народ многупати бил приморан да се бори против толку животни искушенија како ретко кој друг народ, и затоа знае да одлучи која одлука ќе го однесе напред.

Народот ја разбира можноста што му се нуди и верувајте ќе го одбере вистинскиот пат, асфалтираниот, а не калливиот. Не смееме да бидеме кратковидни.

Маратонците тоа најдобро го знаат, така и Македонија, го трча овој маратон 27 години, и верувам дека е дојден последниот круг, фото финиш.

Мислам дека треба да се спротивставиме на се што ќе ни се попречи кон Европската унија и функционирањето на нашата држава како рамноправен член рамо до рамо со западноевропските земји , кон тоа се стреми.

Нашиот поглед е кон мултиетничко општество прифатливо за сите.

Владимир Трајковски

Авторот е политички аналитичар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...