На Детската клиника ќе се вработат уште 20 медицински сестри, на ред се лекари

215

Уште 20 медицински сестри ќе се вработат на Универзитетската Клиника за детски болести.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден стигнале согласностите за вработување на 20 медицински сестри на Детската клиника со што, како што рече, значително се подобрува капацитетот на оваа јавна здравствена установа.

– Како Влада остануваме посветени на подобрување на персоналниот капацитет секаде каде што треба во јавните здравствени установи – додаде Филипче по примопредавањето на донацијата апарат кој го олеснува дишењето кај предвремено родените бебиња со поддршка на Германската амбасада и проектот Хопе.

Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ рече со овие 20 медицински сестри за кои е добиена согласност за вработување и претходно вработените 20 медицински сестри, ќе бидат 40 медицински сестри и се зајакнува кадарот на Клиниката.

– Се надеваме дека ќе успееме и доктори, педијатри да вработиме и навистина да го подигнеме квалитетот на здравствената грижа. Опремата е едно, меѓутоа кадарот е исто така многу важен. Тука има улога и проектот Хопе во поглед на постојаната едукација на кадарот за постигнување на врвни успеси – додаде Ставриќ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...