ГДУ: Господине Мицкоски го уништивте институтот референдум!

641

ДПМНЕ очигледно е дека не знае кај тера. Се изгубија во ставови и тези. Прецизно
математички пресметуваа, за да и соопштат на нацијата дека ништо не пресметаа.
Во клучен момент за земјата не покажаа став и одговорност за најважното прашање, реагира ГДУ.

„Господине Мицкоски го уништивте институтот референдум, најдемократскиот начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните. Ако Договорот со Грција е најштетното нешто како што тврдите и ја обезличува Македонија, тогаш од старт ќе влезевте во битката и на фер начин ќе се боревте против договорот. Но вие тактизиравте. И продолжувате така. Неодамна го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега кого да следи? Што да следи? Јавноста од вас како лидер на најголемата опозициска парламентарна партија очекуваше јасен став во однос на прашањето за реферндумот. Мора да бидете свесни дека не ви успева да не убедите оти вашата одлука е демократски став. Вашата одлука е немање храброст “, вели ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...