За Керим уште не било дојдено времето да пропее за МПМ

463

Ќе кажеме сѐ кога ќе дојде време”, изјави Срѓан Керим, управител на МПМ, по распитиот во СЈО, каде се задржа околу половина час. Тој не сакаше да коментира зошто е во СЈО и дали се чувствува одговорен за распадот нa МПМ.

Претходно на распит во обвинителството беше и директорката на МПМ, Јана Станисављева. И таа си замина од специјалното обвинителство по половина час. Не сакаше да каже за што е повикана за даде исказ и ги игнорираше новинарските екипи. И двајцата ги застапува адвокатот Антонио Апостолски

Станисављева и Срѓан Керим се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за финансиски злоупотреби на првите луѓе на компанијата, во чија сопственост беа весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“ и коишто згаснаа поради финансиска криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...